21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Во БИХ од денеска на сила нови мерки

Во Федерацијата на Босна и Херцеговина од денеска на сила е задолжително носење на заштитни маски во затворени простории, како и на отворено ако не е можно да држат физичка дистанца.
Пропишана е дистанца од два метри.

Наредбата ја донесе кризниот штаб на Министерството за здравство со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

Работата на угостителските објекти е ограничена до полноќ, а на кризните штабови во кантоните и општините им е овозможено да забранат одржување собири кои би можеле да овозможат ширење на вирусот и да го загрозат здравјето на луѓето.

Наложен е и засилен инспекциски надѕор на спроведувањето на мерките донесени за спречување на ширењето на вирусот.

На кантоналните штабови им е дадена можност да воведат и рестриктивни мерки во согласност со проценката на епидемиолошката ситуација во кантонот, односно општината, со редовно известување на кризниот штаб на федералното министерство.

Инфекција со коронавирус вчера беше потврдена кај 140 нови лица во Босна и Херцеговина. Досега во БиХ направени се 51.668 тестирања, а коронавирусот е потврден кај 1.819 лица.

Спонзорирано: