9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Откриени лагите на ВМРО ДПМНЕ, Камчев донирал, Мицкоски попречувал правда

Ако претходно беше јавна тајна дека Камчев е донатор на ВМРО ДПМНЕ, сега со новите аудио снимки објавени на интернет се потврди дека Камчев бил и повеќе од тоа. Бизнисменот ја спасил партијата од долгови, и тоа основните, за струја, вода, парно, интернет.. Ако не бил Камчев да покаже финансиска наклонетост кон партијата, тогаш ВМРО ДПМНЕ немала да може да функционира во Белата палата. Милионското здание немало пари да покрие комуналии, до толку ниско паднала партијата што Мицкоски морал да бара спас и од приврзаниците како Камчев, пишува 24инфо.мк.

На снимката објавена денеска Мицкоски разговара со Зоран Милевски Кичеец и со Слободанка Алексовска од ВМРО ДПМНЕ. Тој им набројува дека партијата финансиски тонела во долгови и дека немала пари да плати сметки, но Камчев му подал рака и ги подмирил сите долгови. Знаејќи го Камчев тој никому не би платил ништо ако во тоа нема личен или бизнис интерес. Така било и овој пат затоа што во дел од содржината се слуша како Мицкоски им признава на соговорниците дека тој и ВМРО ДПМНЕ застанале против Законот за Јавно обвинителство за да го спасат Камчев од делото „Империја“ отворено од СЈО против Камчев и уште неколкумина други бизнисмени кои вршеле финансиски проневери.

Значи Камчев му ја спасил партијата на Мицкоски да може да опстане, а овој неуморно во парламентот преку пратениците го опструираше носењето на Законот за Јавно обвинителство, дури и со уцени и закани кон пратеници да не го гласаат. Но, законот помина во парламент и на Мицкоски му пропадна идејата да го заштити Камчев.

Пред една година, за време на претседателските избори, ВМРО ДПМНЕ ја остави сметката со неплатени 400 000 евра за кампањата на Гордана Силјановска Давкова. Официјално партијата тие пари ги должи на една фирма за изработка на маици со партиски симболи, која пак материјалите ги набавувала од фирма на Камчев.

Аудијата ја откриваат вистината за Мицкоски и неговите релации со Камчев и Кичеец. Прво, Камчев и Мицкоски постојано демантираат дека имаат финансиски релации, но сега е јасно дека Камчев е еден од главните донатори на ВМРО ДПМНЕ, оти кој друг би ги платил долговите на партијата? Второ, Мицкоски исто така демантираше дека имал соработка со Кичеец и со Камчев, но после снимките и таа лага на Мицкоски е откриена. Снимката потврдува дека тој седи и зборува со Кичеец, а од содржината е јасно дека тие се блиски и си доверуваат информации, а во тоа доверување информации се открива релацијата на Мицкоски со Камчев.

Затоа логично е Мицкоски да и открие на јавноста колку пари донирал Камчев во ВМРО ДПМНЕ, со каква цел и што морала партијата да стори за него. Понатаму, зошто ја попречувал правдата со опструирање на Законот за Јавно обвинителство? И на крајот најважното, дали ваквата блискост со Камчев и Кичеец го прави Мицкоски учесник во коруптивниот скандал „Рекет“?
Снимките потврдија дека ако некој политичар можел да знае и да учевствува во рекетот тоа е Мицкоски, оти Кичеец и Камчев, неговите другари се едни од главните протагонисти во случајот.

Спонзорирано: