23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Србија повторно висок број на новозаразени – 137 во последните 24 часа

Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани уште 137 случаи на инфекција со коронавирус, а едно лице починало.

Вкупниот број на заразени се искачи на 13.372, а 264 пациенти починале.

Во последните 24 часа биле тестирани 7.311 лица, а досега тестирани се вкупно 366.380.

Вчера во Србија беа регистрирани 143 новозаразени, а ден претходно бројката изнесуваше 102.

Во моментов во земјата има 954 активни случаи, а на респиратор се 24 лица.

Стапката на морталитет изнесува 1,97 проценти.

Спонзорирано: