19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во БиХ нови 140 случаи на Ковид-19

Инфекција со коронавирус е потврдена кај 140 лица во Босна и Херцеговина во последните 24 часа.

Во Федерацијата БиХ тестирани биле 853 примероци, од кои 87 биле позитивни. Во Република Српска, заболеле 53 лица.

Досега во БиХ направени се 51.668 тестирања, а коронавирусот е потврден кај 1.819 лица.

До денеска закрепнале 1.022 пациенти, а во моментов се активни 745 случаи.

Забележани се и 52 смртни случаи.

Кога станува збор за кантоните од каде што новите случаи, портлот „Кликс“ известува дека тоа се Тузла, Зеничко-добојски Кантон, Среднобосански Кантон, Херцеговско-неретвански, Западна Херцеговина и Сараево.

Спонзорирано: