21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски оздраве од коронавирус

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски на Фејсбук објави дека по два негативни теста за коронавирус, ја напуштил Клиниката за инфективни болести и од денеска продолжува со домашно лекување.

Тој се заблагодари на медицинскиот тим, за грижата и храброста да помогнат на сите пациенти, болни од ковид-19.

https://www.facebook.com/GeorgievskiBoris/posts/560378367970433

„ Упатувам голема благодарност до целиот медицински тим на Клиниката, за нивната огромна пожртвуваност и храброст да помогнат на секој пациент кој се бори со ковид-19. Од моја страна, како знак на благодарност за херојството и поддршка за целокупниот медицинскиот персонал, денес донирав 10 навлажнувачи за кислород и 1 дигитален апарат за мерење на крвен притисок за Клиниката за инфективни болести.

Ви благодарам на целата ваша поддршка која ми ја давата овие недели.

Ве молам чувајте се сите, почитувајте ги здравствените препораки и носете заштитна опрема“ напиша Георгиевски.

Спонзорирано: