15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Пет лица загинаа во земјотресот во Мексико – неколкумина се повредени, илјадници останаа на улица

Најмалку пет лица загинаа во силниот земјотрес што вчера го погоди јужниот и централниот дел на Мексико, во близина на одморалиштето Хуатулко. Повредени се неколкумина, а илјадници останаа на улица.

Земјотресот со јачина од 7,4 степени се случи во 10:29 часот по локално време. Надлежните соопштија дека некои згради се урнале во областа на Круцесита, при што загинала една млада жена и е повредено уште едно лице.

Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор во видеото објавено на социјалните медиуми изјави: „За жал, некој го загуби животот откако се урна зграда“.

70-годишен маж загинал кога се урнала куќа во мало планинско село. Најмалку две други лица од истата област се повредени откако се урнале згради.

Пемекс, државната нафтена компанија, твитна дека избувнал пожар во една од нејзините нафтени рафинерии. Пожарот бил изгаснат, но еден човек е повреден и однесен во болница, соопшти Пемex. Агенцијата за цивилна заштита во Мексико подоцна објави дека тој починал.
Друг маж починал во Сан Агустин Аматенго откако паднала ограда врз него, пренесува Агенцијата за цивилна заштита.

Најмалку една болница посветена за грижата за пациенти со Ковид-19 претрпела големи штети поради што пациентите мораче да бидат евакуирани.

Градоначалникот на Мексико, Клаудија Шинбаум, на прес-конференција рече дека најмалку 36 згради претрпеле мала штета, вклучително и четири владини згради.

Еден човек бил однесен во болница откако „врз него паднал високонапонски кабел“, рече Шинбаум и додаде дека едно дете е пренесено во детската болница.

До попладнето биле регистрирани над 447 афтершокови.

Пацифичкиот центар за предупредување за цунами соопшти дека бранови на опасното цунами се можни во опсег до 1.000 километри од епицентарот, вклучително и по должина на брегот на Мексико, Хондурас, Гватемала и Салвадор.

Кратко време по земјотресот, целата држава останала без електрична енергија. Мексиканските власти предупредиле дека нивото на морето се покачува, а Пацифичкиот центар издаде предупредување за цунами./Makfax

Спонзорирано: