13.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средби со граѓаните во Охрид

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ќе го посети Охрид, каде што во 20:00 часот ќе има средба со граѓани. Проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, носител на изборната единица 1, ќе ја посети скопската општина Карпош и ќе даде изјава пред платото на Драмски театар во 20:00 часот.

Владо Мисајловски, носител на изборната единица 2, ќе го посети Ѓорче Петров и ќе даде изјава за медиуми во 12:00 часот пред црквата Св. Петар и Павле.

Александар Николоски, носител на изборната единица 4, ќе ја посети Струмица и ќе даде изјава за медиуми во 12:00 часот, на плоштадот пред споменикот на Гоце Делчев. Игор Дурловски, носител на изборната единица 5, ќе го посети с.Велгошти, каде што во 17:00 часот ќе даде изјава за медиуми. Дафина Стојаноска, носител на изборната единица 6, ќе го посети Тетово, каде што ќе има изјава во 12:00 часот пред црквата Св. Кирил и Методиј.

Спонзорирано: