Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Во урнатините на замок од 14 век пронајден ковчег со богатство

Во урнатините на замок од 14 век во Полска е пронајден ковчег со сребро.

Се верува дека вредните предмети им припаѓале на Евреите убиени во Втората светска војна.

Кралскиот замок Nowy Sącz денес е руинирана средновековна зграда стара над 600 години. Се верува дека нацистите криеле украдени предмети таму кога ја окупирале Полска.

Историско-истражувачкото здружение преку „Фејсбук“ информираше за богатството, кое се состоело од најразлични предмети од сребро за домаќинството, вклучувајќи чаши и прибор за јадење.

Во ‘рѓосаниот ковчег биле закопани 103 сребрени предмети. Секој од нив, наводно, е направен во Австрија или Полска.

Локалниот археолог Бартломеј Урбаски за „The First News“ изјави дека предметите од почетокот на 19 и 20 век биле поврзани со еврејски обред и веројатно биле закопани за време на Втората светска војна.

Полскиот замок, во близина на кој е откриено среброто, бил претворен во касарна од нацистите во 1941 година, а исто така бил користен и како складиште за муниција. Во 1942 година, целото еврејско население од тоа подрачје било однесено во логор.

Полските војници ја разнеле нацистичката касарна во 1945 година и речиси целосно го уништиле замокот.

Другите откритија во замокот вклучуваат збирка монети од 15 век.

Замокот Nowy Sącz се истражува, бидејќи има планови да се изгради повторно.

Сребреното богатство ќе биде предадено на археолозите кои ќе направат попис сите артикли, а потоа ќе ги изложат во локален музеј./Makfax