12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТИЗБОР

Северна Кореја се закани дека ќе ја испрати војската во демилитаризираната зона

Северна Кореја предупреди дека е подготвена да испрати војска во демилитаризираната зона што ги разделува двете Кореи.
Оваа закана е делумно одговор на превратничка група од Јужна Кореја, која испраќала пропаганден материјал во Северна Кореја.

За време на викендот Ким Јо-џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, рекла дека и` наредила на војската да биде подготвена на таков чекор.

„Подготвени сме да заземеме позиции и да направиме линија на фронт во тврдината со висока воена будност“, соопштила војската.
Тензиите меѓу двете земји растат во последно време поради летоци кои стигнуваат со балони од Јужна во Северна Кореја.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека, во соработка со САД, будно ги следи настаните на границата со Северна Кореја.

Двете Кореи се разделени со демилитаризирана зона по должина на границата, по војната во 50-тите години на минатиот век.

Спонзорирано: