7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Над 1.000 жртви од коронавирус во Саудиска Арабија

Повеќе од 1.000 луѓе починаа од коронавирус во Саудиска Арабија, соопшти денеска Министерството за здравство.

Според податоците, 1.011 лица починале од коронавирус, а заразени се 132.048, со што Саудиска Арабија е најлошо погодена заливска земја и покрај тоа што земјата неодамна почна со олабавување на мерките за изолација.

Над 4.000 заразени се регистрирани денеска, втор ден по ред, додаваат властите.

Одделенијата за интензивна нега во Ријад и Џеда се преполни, па голем е притисокот на здравствениот систем, изјавиле лекарски извори за „Франс прес“.

Властите на почетокот на месецот најавија повторно затворање на Џеда во пресрет на годишното собирање на муслиманите во Мека.

Полицискиот час од 15 часот попладне до 6 часот наутро прекинатите молитви во џамиите и работата од дома повторно се воведени за да се спречи ширењето на вирусот.

Властите сè уште не одлучиле дали оваа година ќе има аџилак во Мека, кој оваа година треба да се одржи кон крајот на јули. Минатата година се собраа речиси 2,5 милиона верници од целиот свет.

Манчевски дел од ITU-вебинар за влијание на ИКТ врз економскиот развој во Европа

Спонзорирано: