29.8 C
Скопје
5. август 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Centar Македонија

Ужасно: Меѓу починатите од коронавирус и 31-годишна трудница од Гостивар

фото Pixabay/Илустрација

31-годишната пациентка од Гостивар која почина на Инфективната клиника во Скопје како заразена од коронавирус е трудница која на 26-ти мај е потврдена како позитивна и била итно оперирана од гинеколози пред да биде сместена на Инфективна, пишува Телма.

Во гинеколошка итна операција на 26-ти мај, пациентката е оперирана и е изваден мртов плод. Таа била префрлена на инфективната клиника кадешто било надзор на гинеколози, трансфузиолози, епидемиолози и инфектолози.