9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Успешна трансплантација на бели дробови кај пациентка заболена од Ковид-19

На пациентка заразена со коронавирус ѝ биле успешно трансплантирани две белодробни крила во болница во Чикаго.

Докторите од болницата веруваат дека ова е прва успешна трансплантација на бели дробови во САД кај пациент заболен со коронавирус, како и дека ова дава надеж на оние чии бели дробови се потешко оштетени од вирусот.

Пациентката, која има дваесетина години, претходно минала шест недели на интензивна нега и била ставена на респиратор.

Таа со денови се третирала како најтежок случај во одделението за интензивна нега, изјавил пулмолог вработен во болницата.

Кога тестот покажал дека телото на пациентката е целосно ослободено од присуство на вирусот, нејзините бели дробови веќе биле тешко оштетени, па таа била ставена на список за трансплантација на обете белодробни крила, што била извршена 48 часа подоцна.

„Трансплантацијата на белите дробови беше единствена шанса да преживее“, нагласил еден од лекарите.

Спонзорирано: