29.8 C
Скопје
5. август 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Свет

Рекорден број на новозаразени во Шведска

Бројот на нови случаи на коронавирус во Шведска денеска достигна рекордни 1.474, а властите тврдат дека зголемувањето се должи на зголемениот обем на тестирања.

Вкупниот број на заразени изнесува 48.300, а бројот на смртни случаи, кој денеска се зголеми за 19, е 4.814, што е повеќекратно зголемување во однос на бројот на жители и во споредба со соседните нордиски земји, но исто така и помалку отколку во најтешко погодените европски земји како што се Шпанија, Велика Британија и Италија, пренесува „Ројтерс“.

Наместо да се изолира и да воведе строги мерки, Шведска се потпре на доброволна примена на заштитните мерки од страна на граѓаните, а главниот шведски епидемиолог минатата недела призна дека земјата можела да стори повеќе за да го заштити населението од вирусот.

Поради зголемената критика што доаѓа од опозицијата заради бавното зголемување на обемот на тестирање, шведската влада минатата недела вети дополнителни 639 милиони долари за таа намена, како и за следење на контактите на заразените.

Така, бројот на тестирани минатата недела достигна рекордни 49.200, додека неделата претходно биле тестирани 36.500 лица.