13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Опаѓа бројот на починати од коронавирус во Велика Британија

Во Велика Британија 151 лице починале од коронавирус во изминатите 24 часа, во болниците и старските домови, со што вкупната бројка на починати е 41.227, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Тоа е намалување во однос на средата кога бројката на починати беше 245. Бројот на пријавени од страна на британската влада не ги вклучува сите смртни случаи од коронавирус во Велика Британија, па се верува дека бројот на починати надмина 52 илјади, јавува „Гардијан“.

Според Министерството, во текот на изминатите 24 часа биле тестирани 197.007 лица, од кои 1.266 биле позитивни.

Спонзорирано: