7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

20 нови случаи на коронавирус во Грција

Во Грција во последните 24 часа регистрирани се 20 нови случаи на коронавирус, соопшти Националната организација за јавно здравје во земјата.

Вкупниот број заразени во Грција е 3.088, од кои 692 се заразени во странство, јавува агенцијата АНА. Од вторникот нема смртни случаи од коронавирус, а вкупниот број на починати е 183.

Во Грција пред два дена беше донесена одлука да се зголеми тестирањето кога бројот на нови случаи за еден ден беше 97. Една третина од овие случаи биле патници од странство.

Спонзорирано: