4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ укинува 22.000 работни места ширум светот

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ има намера да намали 22.000 работни места низ целиот свет, или 16 отсто, заради кризата поради пандемијата на коронавирус, соопшти компанијата за Франс-Прес.

„Ќе имаме 22.000 помалку работни места со полно работно време во рамките на групацијата „Луфтханза “, а половина од нив се во Германија“, велат од компанијата, додавајќи дека сакаат да избегнат отпуштања „колку што е можно“.

Групацијата „Луфтханза“, која ги вклучува европските компании SWISS, Austrian, Brussels Airlines i Eurowings има 135.000 вработени низ целиот свет.

Претседателот на одборот на „Луфтханза“, Карстен Сфор, на почетокот на јуни процени дека технолошки вишок биле само 10.000 вработени. Сепак, „побарувачката во воздушниот сообраќај очигледно ќе се обнови многу бавно“, велат од компанијата, која планира да ја намали својата флота за 100 авиони од вкупно 763 авиони.