10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се враќаат рестриктивните мерки: Од вечерва полициски час, но дали ќе трае само до понеделник?

Половина Македонија од вечерва влегува во целосен 80-часовен карантин, кој ќе започне од 21 часот и ќе трае со до понеделник во 5 часот.

Останатите градови ќе имаат поблаги рестрикции, а денешниот полициски час ќе трае од 21 часот вечерва до 5 часот утре. Во петок, сабота и недела полицискиот час ќе биде од 16 часот навечер до 5 часот наутро другиот ден.

Овие рестриктивни мерки беа воведени поради наглиот раст на број на заразени граѓани од коронавирус, но само во одделни општини. Кластерите на заразени се познати, а причината за толку зголемиот број на заразени се непочитувањето на мерките од страна на граѓаните.

Да потсетиме дека токму во дел од општините каде што во моментов има невиден раст на заразени, полицијата како да беше нема при хаосот кој им се случуваше за време на полицискиот час кој беше укинат пред седум дена.

Дали мерките за полициски час ќе останат и од понеделник ќе зависи од бројот на новозаразени.

Министерот за здравство Филипче минатите денови соопшти дека бројот на новозаразени ќе расте овие денови.

Медиумите пак денес шпекулираат со рекордни 120 заразени за неполни 24 часа.

Спонзорирано: