21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Нов засилен бран на коронавирус и во Србија: 22 лица заразени во старски дом

Дваесет и две лица од домот за стари лица „Mass green house“ во Петроварадин биле заразени со коронавирус, утврдено е со тестирање на ПЦР, јави 021.rs повикувајќи се на неофицијални податоци.

Од 22 заразени, 16 се жители на домот, додека шестмина се вработени во оваа установа.

Седуммина се на Клиниката за инфективни болести, шест се добро, а 69-годишниот е во сериозна состојба, пренесува ТВ Прва.

За ова ново жариште е најавена и прес конференција во 15 часот. Конечните бројки за вкупниот број на заразени лица во изминатите 24 часа се’ уште не се објавени, а вчера бројот изнесуваше 69.

Спонзорирано: