20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јанушев со статус за паника кај граѓаните, но ниту збор за скандалот кој го предизвика Мицкоски синоќа

-101 заболен и 4 жртви од Корона вирусот само вчера. Тоа е тажниот биланс што никого не остави рамнодушен. Секако, освен функционерите од владата на СДСМ.

Паниката која владее на “Илинденска” е толку очигледна, а решенија за овој хаос нема, буквално, ни за лек. Граѓаните се во паника, а тие повторно зборуваат за избори! Наместо ситуацијата да се смирува, напротив, се случува нов бран на заболени, а Филипче освен безобразно да кажува дека ситуацијата е под контрола, ништо друго не знае и не може да направи, напиша Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ.

Интересно е што Јанушев во ниту еден момент од својот долг статус со кој се креира паника кај населението не ја информира јавноста за скандалот кој го направи синоќа лидерот на ВМРО ДПМНЕ, кој беше фатен во затворен простор во меана во скопско Дебар Маало, а со цел да се прикрие делото не им било дозволено на инспекторите два часа да влезат во локалот.

И покрај строгата забрана за работа на угостителските објекти во затворен простор, Мицкоски призна дека бил во внатрешноста на ресторанот и рече дека не знаел за протоколите на владата.

Да биде уште поскандалозно спречувањето на пазарната инспекција да си ја врши работата за да не биде фатен Мицкоски е тешко дело, а доколку се потврдат шпекулациите дека синоќа ЕБР интервенирала за да спречи бришење на снимките од внатрешноста на ресторанот тоа е скандал од невиидени размери.

Граѓаните дури и прашуваат ако вака каубојски се однесува Христијан Мицкоски додека е опозиционер може да помислиме што би се случувало доколку недајбоже биде премиер.

Спонзорирано: