15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за повеќе од 60 милиони жители во земјата, а од денеска, дозволени се пристигнувања и од шенген-зоната, без обврска за карантин.

Регионалните граници се отворени уште од полноќ, и покрај спротивставените погледи на италијанските власти за отворање на границите на Ломбардија, што беше најтешко погоден регион во Италија. На ваквата мерка се противеа регионалните лидери од југот, каде се регистрирани помалку случаи на коронавирус во споредба со северот на земјата.

Со отворањето на регионалните граници, одредени области во Италија ги зајакнуваат контролата и мерките насочени кон спречување на ширење на вирусот, преку „следење на туристите“ со дигитални апликации, мерење на температурата со термички скенери, неопходни хотелски резервации и пополнување на прашалници по пристигнувањето./Makfax

Спонзорирано: