20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТИЗБОР

Трамп потпиша важен указ со кој се ограничува заштитата на социјалните мрежи

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се ограничува заштитата на социјалните мрежи и слободата што ја имаат при модерирање на својата содржина.

„Ние сме тука да ја браниме слободата на говорот од една од најтешките опасности“, истакна Трамп во Овалната канцеларија потпишувајќи документ што најверојатно ќе биде почеток на долга правосудна битка.

Станарот на Белата куќа го обвини „Твитер“ дека донесува „уреднички одлуки“ и дека се занимава со „политички активизам“ во изборот на пораки за кои одлучува дека треба да се проверат.

„Тие имаат неконтролирана моќ да ги цензурираат, уредуваат, кријат и менуваат сите форми на комуникација помеѓу поединците и пошироката јавност“, оцени тој, споменувајќи ги големите компании во Силиконската долина.

„Не можеме да дозволиме ова да продолжи, многу е неправедно“, предупреди тој.

Според Трамп, оваа регулатива бара нови регулативи со цел социјалните мрежи кои вршат „цензура“ да не можат да ја зачуваат својата правна заштита.

Досега Фејсбук, Твитер, Јутјуб и Гугл беа заштитени од судско гонење поради содржини објавени од трети лица и имаа слобода по сопствена процена да интервенираат на платформите.

Американскиот претседател се закани дека ќе донесе регулативи во врска со социјалните мрежи откако неговата омилена платформа „Твитер“ објави оваа недела за прв пат предупредување заедно со неговиот „твит“ дека треба да се проверат фактите од неговата изјава, за кои многумина сметаат дека не биле вистинити.

Спонзорирано: