13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

МТСП: На личните сметки на 2.759 млади лица префрлени над 8,9 милиони денари за младински додаток на плата

Министерството за труд и социјална политика и Агeнцијата за вработување информираат дека е извршена исплата на младински додаток за месец април. На личните сметки на 2.759 млади лица се префрлени над 8,9 милиони денари додаток на плата.

-Младите секогаш се во фокусот при креирањето и имплементацијата на политиките на Владата на Република Северна Македонија. Поддршката на младите до 23 години кои засновале работен однос во прозводствени дејности се реализира преку имплементација на Законот за младински додаток. Правото на младинскиот додаток кој изнесува 3.000 денари за полно работно време по лице месечно, за пет месеци го искористиле 3.061 младо лице. Со оваа мерка за поттикнување на интересот за производствените дејности, младите се поддржани со вкупно 45,4 милиони денари, информираат од Министерството.

Најголем дел од корисниците на младински додаток се вработени во производство на електрична и електронска опрема за моторни возила – 810 работници. Во производство на леб, слатки и бисквити работат 80 корисници на младински додаток а 69 во производство на фармацевтски производи. Има и 33 млади лица кои одгледуваат саден материјал а 18 се бават со производство на обувки.

За младински додаток можат да конкурираат младите кои се вработени со задолжително социјално осигурување кај работодавач или се самовработени во компании со претежна производствена дејност, младите коишто се вработени преку приватна агенција за вработување кај работодавач со претежна производствена дејност, како и младите индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување.

-Имајќи ја предвид потребата од потикнување на растот на домашната економија и развојот на реалниот сектор како и големиот интерес на младите за користење на младинскиот додаток, како одговорна Влада, обезбедивме дополнителни средства за уште 1.000 млади лица потенцијални корисници на правото на младински додаток, се додава во соопштението.

Од Министерството ги повикуваат младите лица до 23 години вработени во производствените дејности да аплицираат за користење на младинскиот додаток. Апликациите се поднесуваат во центрите за вработување според местото на живеење на младото лице.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Маричиќ: Со европската перспектива обезбедуваме повеќе европски програми и нови можности за младите

M T

Младите да бидат активно вклучени во носењето на одлуки – Клубот на млади пратеници и ИДУЕП во заедничка посета на Валандово

M T

Битиќи на конференцијата на ОЕЦД: Младите треба да имаат место на масата, нивниот глас мораме да го слушаме кога носиме одлуки за нивната иднина

M T

МТСП: Со септемвриската пензија пензионерите добиваат повисоки пензии за 6.8 проценти, согласно новата методологија за усогласување на пензиите

M T

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

M T

МТСП: Денес и утре портокалова фаза во цела држава-се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население

M T