10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ манипулира со бројките – Не е точно дека смртноста од коронавирусот во земјава е највисока во регионот

Фејсбук статус на министерот за здравство Венко Филипче:

„ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да се манипулира и политизира оваа бројка, но должен сум да ја споделам вистината. Не е точно дека смртноста од коронавирусот во земјава е највисока во регионот. Таа е исто така далеку под европскиот и светскиот просек.

Дополнително, кај нас за разлика од многу други земји, се зема постмортем брис на лицата кои починале со симптоматологија на болеста. Ова е одговорна стратегија затоа што на овој начин ги изолираме контактите на починатиот и превенираме понатамошно ширење на епидемијата. Ако од вкупната бројка на починати од ковид-19 се изземат позитивните резултати постмортем, стапката на смртност во земјата би била уште пониска.

Апелирам да престанат деструктивно да делуваат и да ја политизираат темата со коронавирусот. Здравствените власти транспарентно и навремено информираат од почеток на кризата. Сите информации кои ги објавуваме се точни, а статистиките се изработени согласно препораките на меѓународните здравствени институции.“

.

Спонзорирано: