5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ВИДЕО: Американците нервозни по ваквиот потег – руски авиони пресретнале нивен воен авион

Два руски авиони Су-35 пресретнале воен авион на американската морнарска патрола над Средоземното море, соопшти американската Шеста флота.

„Трет пат за два месеци, руски пилоти летаат на небезбеден и непрофесионален начин при пресретнување на авионот ПосејдонП-8А на поморската патрола на американската морнарица Шеста флота 26. мај“, се наведува во соопштението.

Како што се тврди, пресретнувањето било несигурно и непрофесионално поради што руските пилот премногу се доближиле до крилото на авионот П-8А, со што ја ограничиле способноста на безбеден маневар на авионот П-8А.

Инцидентот траел околу еден час, наведува флотата.

Пентагон исто така на 15. април пријавил дека рускиот Ру-35 го пресретнал американскиот Посејдон П-8А над Медитеранот.

И тогаш американската морнарица навела дека пресретнувањето било небезбедно.

Спонзорирано: