12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Швајцарија денеска одлучува за понатамошни олеснувања на мерките

Швајцарија денеска одлучува за натамошните олабавувања на мерките воведени поради спречување на ширењето на коронавирусот, вклучително и отворање на ноќните клубови и фудбалските стадиони, пренесуваат швајцарските медиуми.

Според информациите од медиумите, ќе се укине правилото за најмногу четири лица, кои можат заедно да јадат во ресторан, а владата ќе донесе одлука за укинување на ограничувањето на бројот на луѓето на јавни собири.

Во рамки на мерките кои Швајцарија ги воведе во март, најмногу петмина луѓе можеа досега да се соберат на јавно место, а сега тоа ќе биде подигнато на 30. На приватни настани ќе можат да се соберат и до 300 луѓе.

Владата би требало да го објави попуштањето на мерките по состанокот на владиниот кабинет.

Министерот за здравство, Ален Берсет сака да им се овозможи на лизгалиштата, кината, зоолошките градини, базените и планинските гондоли да се отворат на 8 јуни.

Други членови на владината коалиција пак сакаат побрзо отворање, иако тоа не е изгледно, додаваат медиумите во земјата.

Спонзорирано: