23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германските сексуални работници бараат дозвола да продолжат со работа

Асоцијацијата, која здружува работници во германската сексуална индустрија, повика на укинување на рестриктивните мерки во врска со нејзината работа, кои беа донесени заради пандемијата на коронавирус.

Повеќе не е оправдано да се затвораат борделите и да се забранува проституција, наведува здружението во писмото упатено до германскиот парламент, кои неодамна повикаа на забрана за плаќање за сексуални услуги.

„Со оглед на фактот дека ширењето на инфекција со коронавирус низ целата земја опаѓа, индустријата што нуди сексуални услуги мора да биде во можност повторно да заработи приход и да им понуди на клиентите добра услуга што е човечка и многу важна за нив“, се вели во писмото.

Додаваат дека за време на кризата со коронавирусот, таквата услуга може да биде од егзистенцијална важност за клиентите.

Понатаму, здружението посочува дека сексуалните работници внимаваат на хигиената и на нивното здравје бидејќи тоа е нивниот капитал.

Спонзорирано: