13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Трамп: Нема да ја затвориме земјата во случај на втор бран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во случај на втор бран на пандемија на коронавирус нема да воведе карантин и да ја затвори земјата.

„Немаме намера да го гаснеме пожарот, нема да ја затвориме земјата“, рече Трамп, осврнувајќи се на можниот втор бран на пандемијата, за време на посетата на фабриката „Форд“ во Мичиген.

Изјавата доаѓа во исто време со олеснување на рестриктивните мерки преземени од 50 американски држави, меѓу кои оние со републиканско раководство вршат притисок за што побрзо враќање на земјата во нормален тек, додека оние со демократско раководство бараат поголема претпазливост во намалувањето на ограничувањата.

Официјалните лица за јавно здравје предупредуваат дека мерките се олеснуваат премногу брзо, велејќи дека тоа може да доведе до втор бран на вирусот во есен и зима.

И покрај отпорот на Трамп, федералните и локалните власти прибегнаа кон затворање и карантин во пандемијата што ја зафати земјата./Makfax

Спонзорирано: