12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Заради очекуваниот нов пик на коронавирусот наесен, изборите да се одржат во најбрз можен рок

Потребни се избори во привиот можен рок, заради заштита на здравјето на граѓаните и подготовки за новиот пик од коронавирусот наесен, сметаат од СДСМ.

Од таму велат дека преку избори и формирање на нова Влада побрзо ќе се опорави и трансформира македонската економија и повторно ќе се стават во функција институциите кои се клучни за нормално функционирање на системот.

„Не смееме да дозволиме да се нанесе штета на државата, штета на граѓаните и никако не смееме да дозволиме земјата да се воведе во уставна криза. СДСМ тоа нема да го дозволи“, порачуваат од партијата и додаваат дека доколку ВМРО-ДПМНЕ не сака договор, по сила на закон датумот за избори води на 21 јуни.

Спонзорирано: