11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Полицискиот час го прекршиле 46 лица

Во текот на изминатото деноноќие, на ниво на целата држава полицискиот час го прекршиле 46 лица, при што приведени се 41, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Според податоците на МВР, во однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 113 прекршоци.

Во последните 24 часа на 85 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани прекршувања на мерките.

Спонзорирано: