13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Костадинов: Социјалeн работник во Центарот за дневен престој за децата со посебни потреби, активист на ВМРO ДПМНЕ, барал сексуални услуги за завршување услуга

Партијата ВМРО-ДПМНЕ ја тресат скандали, а тоа е една од причините зошто не сакаат избори во јуни, истакна портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, во денешното гостување во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој рече дека вработен во Министерството за земјоделство бил фатен со бележени пари примени како мито, а го спомна и скандалот со социјален работник во Струмица, инаку активист на ВМРО-ДПМНЕ кој барал сексуални услуги за завршување услуга.

– ВМРО-ДПМНЕ ја тресат скандали, а тоа се вработениот во Министерството за земјоделство кој беше фатен со бележени пари примени како мито, како и скандалот со социјалниот работник во Центарот за дневен престој за децата со посебни потреби, кој барал сексуални услуги за завршување услуга. Тоа се само дел од причините поради кои тие бегаат од избори – рече Костадинов.

Спонзорирано: