12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Скандал/ Фатени на дело: Лидер и Република платиле пари на социјалните мрежи за да врти лажната вест за Centar и во штабот на ВМРО ДПМНЕ молеле да ги споделуваат (фото)

Од каде и колку пари потрошиле на лажната спонзорирана статија против Centar, интернет сајтовите кои се претставуваат како интернет портали за вести, но никаде не се регистрирани како такви, Лидер и Република, издавани од компанија наречена Прва Република.



Порталите трошат суми на кеш во долари на социјалната мрежа Фејсбук спонзорирајќи ја лажната вест против Centar.mk.

Од овие два интернет медиуми, од кои едниот бил раковододен од лице од Кавадарци, а другиот засега тотално непознати лица за јавноста се расфрлаат со пари додека целата интернет медиумска фела е во невидена криза, а граѓанството се соочува со најтешката економска криза.

Зошто ударот врз Centar.mk е направен сега и колку кеш ќе биде потрошен за ваквата хајка.

Иако објавивме демант, ниту еден од овие два интернет блогови кои се речиси непознати за македонската јавност и ги нема на најпопуларните агрегатори, тие согласно законот не го објавија, со што нашите адвокати имаат полни раце работа.

Денес лажната вест ја сподели и порталот Курир кој важи за близок до режимот на Никола Груевски.

Centar.mk доби информација дека видни личности блиски до ВМРО ДПМНЕ, но и УМС низ повеќе градови, под неразјаснети околности биле натерани да ја споделат веста. За ова имаме анонимни јавувања од членови на ВМРО ДПМНЕ.

Во прилог погледнете ги коментарите за веста која ја објавил Лидер на нивната фан страница, кои ги заработија на лажната вест и се’ ќе ви стане јасно:

 

Спонзорирано: