Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Опаѓа бројот на починати од коронавирус во Турција

фото Pixabay

Во Турција во изминатите 24 часа од коронавирус починале 28 лица, со што продолжи трендот на опаѓање на бројот на починати, додека бројот на новозаразените се зголеми за 1.022, рече министерот за здравство Фахретин Коца.

Тој на својот профил на Твитер наведе дека вкупниот број на починати е 4.199, а од 11 март има вкупно 151.615 заразени, пренесува АП. Министерот исто така соопшти дека има намалување на бројот на пациенти на одделенијата за интензивна нега, додека бројот на излечени се зголеми на 112.895. Во тек е четиридневна забрана за патување во 15 турски провинции, вклучувајќи го и Истанбул.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот изјави дека се надева оти националната забрана за движење, што ќе биде воведена за време на Рамазанскиот бајрам ќе биде последна.

error: Соддржината е заштитена.