4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Грција утре ги отвора плажите

Откако почна да ги олеснува рестриктивните мерки на 4 мај, Грција утре ќе отвори 515 плажи за да се подготви за туристичката сезона за време на пандемијата на коронавирусот.

Голем број рестриктивни мерки ќе се применуваат на плажите.

Поради препораката за физичка дистанца, на 1.000 квадратни метри ќе бидат дозволени 40 посетители, забрането ќе биде служење алкохол, како и спортски активности.

Растојанието помеѓу чадорите ќе биде четири метри, нема да има маси во рестораните и баровите, но гостите ќе може да купуваат храна и пијалаци од шанковите и да ги јадат и пијат на лежалките.