11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Чиле воведува задолжителeн карантин за 6,5 милиони луѓе

Чилеанската влада ги објави плановите за досега најстрогите мерки на затворање, со задолжителен карантин за целата зона на Сантјаго, што е област со население од 6,5 милиони луѓе, пренесува „Гардијан“.

„Битката за Сантјаго е клучна во војната против коронавирусот“, рече министерот за здравство, Хаиме Маналик, најавувајќи ги мерките.

Овој потег следува по 2.660 потврдени случаи во последните 24 часа, што претставува зголемување од 60 проценти во однос на претходниот ден, што доведе до вкупно 34.381 заразен. Чиле моментно е на третото место во Јужна Америка по бројот на заразени, а 346 луѓе починале во земјата.

Здравствените работници повикуваат на целосно затворање на Сантјаго од март, но Министерството за здравство тврди дека стратегијата ги задржала случаите под контрола спречувајќи го економскиот пад на градот.

Додека бројот на нови случаи надвор од Сантјаго опаѓа, мерките за делумно затворање се покажаа како неуспешни во главниот град, каде што се концентрирани 85 отсто од новите случаи./Makfax

Спонзорирано: