13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николовски: Мицкоски инсистираше на теренска кампања, не е точно дека само Заев бил за избори во јуни или јули

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз, Љупчо Николовски, со пост на Фејсбук за вчерашната лидерска средба, целосната поддршка и довербата на сите политички субјекти кон Комисијата за заразни болести, дискусијата за условите за избори и за ставовите на опозицијата во врска со изборната кампања.

Вчера, на лидерскатата средба, сите политички партии изразија целосна и недвосмислена доверба во Комисијата за заразни болести, во епидемиолозите и во Владата за начинот на справувањето со кризата (и покрај тоа што Мицкоски имал првична идеја да ја партизира ова стручна комисија, за што подоцна се премислил и повлекол).

Стручноста и одговорноста во справувањето со кризата добија целосна верификација, тоа е многу важно. Никој веќе нивните ставови не може да ги доведува под прашање. Тие се водилка за сите и за се.

Зоран Заев беше прв на лидерската средба што целосно јасно со детално разработени факти ги отвори сите аргументи за очекувањата во здравствениот аспект и економските последици, за потребата од избор на институции со полн легитимитет даден од граѓаните во првиот можен рок, за условите и роковите (за завршување на ажурирањето, дополнителниот јавен увид и проверки, па сѐ до печатење на изборниот материјал). Одговорно однесување значи сите овие аспекти да се разгледаат, за да може да продолжат сите изборни дејствија онаму каде што запреа.

Зоран Заев ги отвори и сите датуми кои се можни како опции за спроведување избори во јуни или почеток на јули, на што немаше спротиставување од ниту еден од присутните. Мицкоски не се спротистави да се разговара за можните датуми, иако денес преку куририте брифираат лаги дека само Заев бил за избори.

https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.3/posts/2706560112898844
.

Спонзорирано: