12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИССВЕТ

Субвенции од 500 евра за нов велосипед или електричен скутер

Италијанската влада ќе субвенционира набавка на нов велосипед или електричен скутер со 500 евра, најави министерката за транспорт Паола де Микели.

Таа рече дека мерката ќе биде дел од стимулативен пакет вреден 55 милијарди евра за зајакнување на економијата.

Субвенцијата ќе биде ограничена на жителите на градовите со најмалку 50.000 жители, а нејзината цел е да ја стимулира „зелената подвижност“ по укинувањето на мерките за сузбивање на пандемијата на коронавирус, јавува порталот Bankar.me.

Министерката изјави дека заради потребата од социјално растојание, кое ќе остане на сила, помал број луѓе ќе можат да возат автобуси и трамваи, што ќе ги присили да размислат за други форми на доаѓање на работа, како што е возење велосипед.

Затоа, Владата планира измени во означувањето на патиштата со цел да им се олесни на градските власти да создадат нови велосипедски патеки, рече министерот Де Микели.

Спонзорирано: