10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
БИЗНИС

Карантин до крајот на годината: Овие компании нема да ги вратат работниците во нивните канцеларии, а воведуваат и нови флексибилности

Секој што работи од дома треба да остане до понатамошно известување.

Фејсбук и Гугл објавија дека нивните вработени кои работат од дома заради пандемија на вирусот корона, ќе можат да продолжат со ваква работа до крајот на годината.

Технолошките гиганти го најавија претстојното отворање на нивните канцеларии, но и дека ќе им овозможат на вработените поголема флексибилност кога станува збор за начинот на кој работат.

Гугл првично објави дека ќе работи од дома до 1 јуни, а сега ја продолжи таквата работа за уште седум месеци.

Фејсбук наведува дека ќе отвори канцеларии на 6 јули, но дека повеќето од оние што можат да работат од дома, ќе можат да работат така до крајот на годината, пренесува Би-Би-Си.

Спонзорирано: