12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
UncategorizedМАКЕДОНИЈА

Заев за Алсат: Постојат сериозни причини од интерес на граѓаните и државата зошто треба да одиме на избори во првиот можен термин

Претседателот на СДСМ Зоран  Заев смета дека Република Северна Македонија има неколку исклучително важни причини зошто мораме во првиот можен термин да одржиме парламентарни избори, секако без да биде загрозено здравјето на граѓаните.
 
„ Клучна причина е што немаме активен Парламент. Еве и Уставниот суд кажа Парламентот да не се свикува. Дополнително,  имаме техничка Влада, а немаме политичка влада која ќе преземе политичка одговорност, особено ако се повтори кризата. Во тој случај добро е  да имаме политичка влада којашто ќе се справува со кризата и да имаме парламент којшто будно ќе ја контролира Владата. И на крајот има и трет исто така многу важен момент, економијата. За време на сите избори економијата заслабува, односно има еден вид рестрикција, затоа што граѓаните знаат дека од парламентот зависат идните политики на државата – даночни, фискални, монетарните политики. Да не правиме уште еден пик на забавување на економијата, ние самите. Еве и да нема криза, ако септември или октомври одиме на избори,  повторно ќе ја забавиме економијата“, оцени Заев во вечерашното гостување на телевизијата Алсат-М.  
 
Тој побара од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да биде одговорен и да ги соопшти ризиците доколку предложи друг термин за одржување на изборите

Спонзорирано: