Секогаш во средиштето на збиднувањата...

(ВИДЕО) Последното интервју на Драган Вучиќ: Знам што зборуваа за мене, ама ако…

Македонската јавност е во неверување откако ја дозна веста за смртта на легендарниот водител и музичар Драган Вучиќ.

„Бекстејџ“ денеска го објавија последното интервју на Драган Вучиќ, кое го дал пред точно една година.

Еден од омилените водители одговорил на неколку прашања, а сè што се барало од него било да биде искрен за врските со ѕвездите со кои работел, кој е најдобар пејач во Македонија, кој е најздодевен водител, да каже виц за самиот себе, за љубовните врски, колку најмногу заработил на еден настап, најлоша јавна личност…

Вучиќ е роден во 1955-та година, а работеше како композитор, пејач и водител. Во јавноста е познат по бројните емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“…

За жал Македонија загуби еден голем шоумен кој, како што се вели, не умееше да направи грешка, па секоја нова идеја ја претвораше во одлична и многу гледана емисија.

Инаку, вечерното издание на естрадниот магазин „Бекстејџ“ ќе биде посветено на ликот и делото на Драган Вучиќ. Во 23:30 на Канал 5 телевизија.