12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Од утре ќе се одлучува за посериозно олабавување на мерките, враќање на животот, отворање на кафичите и рестораните…

Македонија одлично се справува со коронавирус кризата, и бројот на заразени од ден на ден е се помал. Досегашните ригорозни мерки го дадоа својот резултат, а веќе од утре па во следните денови се очекува да бидат донесени мерки со кои повеќе се олабават рестрикциите.

Очекувањата се дека е можно на кратењето на времетраењето на полицискиот час.

Остануваат задолженијата за граѓаните да носат маски во затворени простории, но и на отворени места каде што не може да се обезбеди растојание од 2 метри помеѓу луѓето.

Ваквите мерки ќе продолжат и понатаму, со цел превенција на граѓаните од можно пренесување на коронавирусот.

Деновиве се очекува да падне и одлука за кога точно би се отвориле и кафетериите и рестораните. Неофицијално тие ќе работат само преку нивните летни тераси, но со повеќе насоки и услови. Редовна дезинфекција на интевентарот, користење на чаши за еднократна употреба, растојание меѓу две маси на неколку метра, но и ограничен број на луѓе кои би можеле да седнат на една маса се само дел од размислувањата.

Во Србија веќе од утре почнуваат со работа кафе баровите и рестораните, но со превентивни мерки на растојание меѓу масите. Во Словенија пак на една маса може да седат луѓе од исто семејство.

Какви ќе бидат одлуките за Македонија, се очекува да дознаеме следниве денови. Македонските власти и угостителскиот сектор се во комуникација околу следните чекори.

Спонзорирано: