7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Марковски: СЗО ја направи паниката за коронавирусот

Оваа паника е создадена од СЗО, исфорсираа тестови кои не се меродавни за следење на инфекциите, не предложија користење на серолошките тестови на антитела и донесеа строг став да се затворат сите држави и да не се излегува надвор. Па, ние во средниот век сме имале повеќе можност да патуваме отколку сега, вели професорот д-р. Вело Марковски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Низ светот луѓето се повеќе исплашени од што треба. Во истиот период од 3 месеци само од сообраќајни несреќи имаме 300.000 починати во светот, па не значи дека да направиме мерки никој да не вози. Ние станавме заложници на овој модел што го избравме и сега треба да продолжиме. Тој е во ред, само ако Комисијата за заразни болести има стратегија дека некаде кон крајот на мај вирусот сам ќе се повлече, вели Марковски.

Докторот смета дека сега не можеме да одиме на колективен имунитет, а доколку одевме на полабави мерки ќе имавме околу 10 отсто од населението во контакт со вирусот.

Вакцината како опција не е реална затоа што не знаеме кога ќе се создаде и затоа сега одиме на тоа дека вирусот природно ќе ссе повлече. Сепак, прашањето е што доколку се продолжи со овој модел уште три месеци, од економски аспект?

Марковски нагласи дека од сезонските грип има повеќе починати во светот, отколку од коронавирусот и дека лошо е што оваа болест се споредува со моделот и бројките на грипот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Одбележување на 11 Октомври – Денот на ослободителната војна

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Македонија ќе купи од Франција опрема за противвоздушна одбрана

M T

Михаел Рот денеска во Македонија на средби со државниот врв

M T

СЗО: Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници во светот

M T

Во Македонија не е регистриран случај на мајмунски сипаници

M T