Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Повторно расте бројот на починати од коронавирус во Италија

Во последните 24 часа во Италија од Ковид-19 починале 534 луѓе, што е најмногу од петокот, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Ова е значително зголемување на смртните случаи во однос вчера, кога беа пријавени 454 жртви.

Вкупниот број на жртви во Италија, каде епидемијата избувна на 21 февруари, се зголеми на 24.648.

Италија е на второ место во светот по број на жртви, по САД, и на третото место по број на заразени.

Италија, исто така, ја има втората највисока стапка на смртност во светот, 13,3 проценти, а само Белгија со стапка на смртност од 14,6 проценти е пред неа, покажуваат податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Според најновите податоци, во земјава досега се заразени 183.957 лица.

Но, по втор ден по ред, бројот на активни случаи се намалува – од 108.237 вчера на 107.709 денеска.

Опаѓа и бројот на лица на интензивна нега – 2.471 наспроти 2.537 колку што беа вчера.

И бројот на излекувани денеска е поголем и изнесува 51.600.