3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Оливер Спасовски: 200 излечени наши граѓани од КОВИД-19 е веста што ни дава дополнителна мотивација да продолжиме заеднички со лечењето и со спречувањето на ширењето на коронавирусот.

Фејсбук статус на премиерот Оливер Спасовски:

200 излечени наши граѓани од КОВИД-19 е веста што ни дава дополнителна мотивација да продолжиме заеднички со лечењето и со спречувањето на ширењето на коронавирусот.

Регистриравме и ден со поголем број излечени од новозаразени.

Тоа е резултат на големата, огромна посветеност за здравствените работници и на граѓаните што се придржуваат до мерките на претпазливост. Тие ги заслужуваат најголемата благодарност и сите признанија.

Да продолжиме да ги почитуваме мерките за физичка дистанца, за носење лична заштитна опрема, да се воздржиме од групирања и така да создаваме услови за стабилизирање на животот и постепено нормализирање под изменети услови.

Спонзорирано: