Ви предлагаме оваа година велигденските јајца да ги украсите со оваа техника. Ќе добиете мали ремек дела!
Потребни ви се цветни салфети, варени јајца, разматена белка и ножици.
Јајцата згответе ги, а белките добро разматете ги.
Пожелно е јајцата да бидат бели. Исечете ја саканата сликичка на салфетата и одвојте го најтенкиот слој.
Јајцето премачкајте го со белка, па полека со прстите раширете ја сликичката на јајцето.
Оставете да се исуши и тоа е тоа.
Погледнете го видеото: