9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСЗДРАВЈЕ

Можно е да сте го прележале коронавирусот без да бидете свесни за тоа: Осум знаци дека организмот сам се изборил

Коронавирусот е можно, барем како што тврат стручњаците во последниве денови да сте го прележале на нозе. Стручњаците наведуваат дека постои можност некои луѓе овој вирус да го прележале и пред епидемијата официјално да почне. Доколку сте имале благи форми на овие симптоми, веројатно успешно сами сте се избориле со овој вирус.

Очна инфекција

Новото истражување покажало дека инфекцијата на очите, како конкјуктивитис, може да биде симптом на ковид-19.

Препознаено е дека која било инфекција на горниот респираторен тракт може да резултира со вирусен конјуктивитис, како секундарна компликација, што е случај и кај ковид-19, истакнуваат стручњаците.

Сепак, тие додаваат дека е малку веројатно да се случи заразеното лице да има конјуктивитис како единствен симптом, туку веројатно би бил проследен со температура, сува кашлица или некој друг симптом

Сува кашлица

Еден од најчестите и најпрепознатливите симптоми на коронавирусот е токму сувата кашлица.

Ментален замор

Иако тоа официјално не е препознаено како симптом на коронавирусот, некои заразени пациенти тоа го пријавиле како симптом.

Температура

Освен сувата кашлица, и ова е најголем показател за присуство на коронавирус.

Тешкотии во дишењето

Чувството на притисок во градниот кош и неможноста длабоко да вдишете, исто така, се јавуваат како симптоми на ковид-19.

Губење на сетилата за мирис и вкус

Неодамна Здружението на оториноларинголози на Велика Британија, предупреди дека губењето на сетилата за мирис и вкус, може да биде симптом за овој вирус.

Стомачни проблеми

Се покажало дека од 204 заразени кои учествувале во една студија, 48,5 отсто од нив пријавиле пролив како симптом.

Физички замор

Уште еден симптом на ковид-19, кој се јавува и при настинка, вирус на грип, но и други бројни вируси е чувството на замор и исцрпеност.

Здрав организам со силен имунитет е во состојба сам да се избори со блага форма на овој вирус, а да не забележеите дека сте го имале. Сепак, најдобро е за секој случај да се придржувате на сите мерки на заштита и самоизолација.

Спонзорирано: