13.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Ситуацијата со коронавирусот ескалираше во Србија: заразени 3.380 лица, досега починаа 74

Во Србија, потврдени се уште 274 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, што значи дека вкупната бројка на досега заразени изнесува 3.380 случаи. Од вчера во оваа земја од Ковид-19 починале уште три лица, така што вкупниот број на починати сега е 74.

Министерот за здравство, Златибор Лончар, на прес-конференција на која немаше новинари рече дека вкупно 441 здравствен работник во Србија се заразени, од кои 228 се хоспитализирани.

Вкупно во болница се 2.436 пациенти, од кои 145 на респиратор.

Спонзорирано: