13.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Познат актер ги изненади пензионерите во еден супермаркет, им ги плати сметките за намирници

Американскиот актер и продуцент Тејлор Пери (50) со својот хуман гест ги воодушевил сите пензионери во еден супермаркет.

Тој им ги платил сметките за намирници и со тоа ги ослободил од трошоците, а воодушевените луѓе останале во целосен шок и неверување.

„Дојдов рано во супермаркетот. Побрзав да земам сè што ми требаше. Бев пресреќен кога видов дека има доволно тоалетна хартија, јајца, брашно … Откако ми беа отчукани сите производи на касата, касиерката ми кажа дека Тејлор Пери платил сè. Беше 7 часот наутро, уште го немав испиено првото кафе, па затоа мислев дека сонувам“, вели еден од среќните клиенти.

Одушевените лица на среќните пензионери ги фотографирал еден од клиентите, а сето тоа се појавило на еден профил на Твитер, каде што јавно е пофален гестот на актерот.

„Секаде има добри луѓе, а Тејлор тоа го докажа низ годините“, „Доказ дека хуманоста е сè уште жива“, „Прекрасен гест“, коментираа луѓето на социјалните мрежи.

„Форбс“ го прогласи Пери за најплатена личност во светот на забавата во 2011 година, а меѓу мај 2010 и мај 2011 година заработи 130 милиони долари./Makfax

Спонзорирано: