10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Половина милион заразени во САД, само за еден ден починале над 2000 лица

Половина милион луѓе се заразени со коронавирус во САД, а само за еден ден починале над 2000 лица. Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, во последните 24 часа починале 2.108 пациенти, со што САД наскоро ќе ја надминат Италија како земја со најмногу жртви на коронавирусот.

Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во САД се зголемува секојдневно за 30.000 до 35.000 откако тестирањето стана подостапно.

Експертите за заразни болести предупредуваат дека е прерано да се ублажат мерките воведени за спречување на коронавирусот.Истражувачите сметаат дека земјата ќе го достигне врвот на епидемијата в петок, по што предвидуваат околу 970 мртви на ден до 1 мај.

Економските експерти, пак, прогнозираат дека во април во САД без работа ќе останат повеќе од 20 милиони луѓе. Прогнозите се дека економијата би можела повторно нормално да функционира во мај.

Спонзорирано: