9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Коронавирусот во Јужна Кореја „се враќа“, 91 „излекуван“ пациент повторно се позитивни

Јужнокорејските власти денеска соопштија дека 91 пациент за кои се верувало дека се излекувани, повторно се позитивни на коронавирусот.

Џеонг Еун-Кјонг, директорка на Корејскиот центар за контрола и превенција на болести (КЦДЦ) изјави дека е поголема веројатноста вирусот да се реактивирал отколку пациентите повторно да биле заразени.

Здравствените работници во Јужна Кореја велат дека е нејасно како се случило тоа и оти епидемиолошките истражувања сè уште се во тек.

Меѓународната заедница истражува дали оние кои го прележале коронавирусот може повторно да се заразат. Државите се надеваат дека оние кои оздравеле развиваат имунитет што ќе спречи повторување на пандемијата.

Зборувајќи за 91 пациент во Јужна Кореја, каде има 7.000 излечени, Ким Ву-Јо, професор по заразни болести во универзитетската болница Гуро, посочува дека ова е само почеток и оти бројката ќе расте.

И Ким исто така смета дека е поверојатно на пациентите болеста повторно да им се вратила, отколку да се повторно од заразени.

Други експерти тврдат дека виновници можат да бидат и неисправни тестови, како и дека остатоци од вирусот сè уште можат да бидат во телата на пациентите, но не се заразни и не претставуваат опасност за другите.

– Постојат различни толкувања и многу варијабли“ рече Јунг Ки-САк, професор по белодробни болести на универзитетската болница Халим.

– Владата мора да смисли одговори за секоја од овие варијабили, додаде тој.

Јужна Кореја денеска информира за 27 нови заразени, што е најмалку од февруари кога имаше и до 900 случаи на ден. Градот Даегу, каде избувна епидемијата, нема нови случаи за првпат од февруари.

извор ТВ21

Спонзорирано: