5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2.000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа речиси 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“, во средата починале 1.973 луѓе, што е повеќе од претходниот ден кога биле пријавени 1.939 смртни случаи.

Ова беше втор најлош ден по бројот на жртви во светот откако почна пандемијата. Така, со 14.695 смртни случаи, според оваа црна статистика, САД ја надминаа Шпанија (14.555).

Италија има најголем број смртни случаи во светот, повеќе од 17.500. САД, со повеќе од 435.000 заразени, е водечка држава во светот во овие негативни статистики.

Во Велика Британија вчера за само еден ден беа потврдени 938 смртни случаи, што досега е најголем број на дневно ниво во оваа држава. Севкупно, бројот на заразени со коронавирус во светот надминува 1,5 милиони.

Спонзорирано: